Подарете книга за велигденско јајце

На 13 април (четврток) 2017 година, во периодот од 10:00 до 14:00 часот Општина Илинден ја организира 11. традиционална манифестација "Подарете книга за велигденско јајце - симбол на Христовото воскресение"

Оваа оригинална и единствена од ваков вид манифестација, која истовремено ги обединува образованието, културата, уметноста, традицијата и религијата ќе се одржи во Домот на култура "Илинден", во населба Илинден.

Секој посетител на манифестацијата што ќе подари книга за возврат ќе добие црвено Велигденско јајце. Во чест на Двеилјадииседумнаесеттото лето Господово, симболично ќе бидат украсени 2017велигденски јајца.

Во изминатите десет години во манифестацијата "Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение", што се одржува секоја година на Величетврток, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, вкупно се собрани 30.000 книги наменети за Општинската библиотека Илинден и библиотеките во основните училишта.