Почна уписот на Државниот универзитет-Тетово, слободни 4000 места

Управата на Државниот универзитет во Тетово е задоволна од одѕивот на матурантите и нивниот интерес за упис на ДУТ во академската 2017/2018 година, соопшти денеска проректорот за образование Решат Ќахили на прес-конференција по повод почетокот на првиот уписен рок.

– Според објавениот конкурс во јули, за вкупно 60 студиски програми на 13 факултети на ДУТ годинава може да се запишат 4000 бруцоши. Уписите почнаа денеска и ќе траат до петок, а првичните резултати ќе бидат објавени во 8.30 часот во понеделник, информираше Ќахили.

Тој потврди дека според објавениот конкурс дисперзираните студии на ДУТ ќе бидат ставени во мирување и годинава нема да запишуваат студенти.