Почина уште еден затвореник во Идризово

Затвореник на возраст од 48 година вчера починал во амбулантата во затворот Идризово.

Неговата смрт била пријавена вчера попладне околу 16 часот, откако лекар на Итната медицинска помош ја констатирал смртта.

Затвореникот претходно се жалел на болки во градниот кош и бил однесен во амбулантата за да му биде укажана лекарска помош, но починал. По наредба на јавен обвинител телото на затвореникот е предадено за обдукција.