ПОЦ санкционираше над 200 непрописно паркирани возила за една недела

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 210 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопштија од ПОЦ.

Од ПОЦ наведоа дека во периодот од 23 август до 29 август 2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак” на ЈП ПОЦ отстранети се 101 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор” санкционирани се 109 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

– ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците, истакнаа од ПОЦ.