„Полноќни огномети“ е насловот на новогодишниот гала-концерт на Македонската филхармонија кој ќе се одржи на 28 декември (четврток) во голамата сала на Македонската филхармонија во 20 часот.

По неколку години пауза, Македонската филхармонија конечно го враќа овој музички настан кој прерасна во традиционален и кој е привлечен и за пошироката пубика, за музичките сладокусци, но и за оние што професионално се занимаваат со оваа уметност.