Состојки:

1,2 векна бајат леб

100 гр кашкавал

100 гр салама

100 гр презла

100 гр сирење

2 јајца

сол

Подготовка:

Иситнете го лебот и ставете го во поголем сад. Потоа додадете едно јајце, малку млеко, посолете и добро соединете се.

Кашкавалот, саламата и сирењето ситно изрендајте ги и додадете во претходно направената смеса. Сето тоа добро измешајте го и формирајте пирошки. Едно јајце изматете  и валкајте ги пирошките во јајце па во презла.

Пржете во тава со загреано масло.

Испржените пирошки вадете ги на салфета за да ја впие вишокот маснотија.