Пијан патник се струполил на скопскиот аеродром

Ноќва околу полноќ во 00.10 часот на граничниот преммин на скопскиот аеродром „Александар Велики“, со авион на авиокомпанијата „Визер“ од Малме допатувал  И.Б. (53) од Скопје, кој бил под дејство на алкохол.

По извршена пасошка контрола истиот изгубил рамнотежа и удрил на аголот од кабината, при што се самоповредил. Му била укажана лекарска помош од медицинска екипа при ТАВ Македонија, а бидејќи се работи за посериозна повреда известена била екипа од Итна медицинска помош од чија страна бил однесен во некоја од скопските клиники во придружба на неговиот внук И.Е. (34) од Скопје.