Пешак прегазен кај Министерство за здравство

Утрово во Скопје е прегазен пешак.

На ул.„50-та Дивизија“, на рампата кај Министерство за здравство вчера околу 10:20 часот  возило „Шкода Октавиа“ управувано од Г.И. удрило во пешакот Б.Ј.(68) од с.Инџиково.

На пешакот му е укажана лекарска помош во Ургентен центар -Скопје, констатирани му се телесни повреди и пуштен е на домашно лекување.