Пешак почина по удар од автомобил

На 20.03.2019 околу 14.30 часот на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, возило „Тојоталенд крузер “ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.В.(39) од Скопје, удрило во пешакот Ц.И.(69) од Скопје.

Со возило на Итна медицинска помош Ц.И. била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди, а во 18.30 часот починала. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.

cheap nike air max 90