Пешачењето во природа го менува нашиот мозок

Прошетката во парк има моќ да го опушти нашиот мозок, но и да го подобри нашето ментално здравје. Ова е наведено во новото истражување за ефектите на мозокот од физичките активности во природа.

Најголем дел од нас денес живеат во град и немаат толку можности да излезат надвор во зелени, природни простори како претходните генерации. Тоа значи дека живеењето во град придонесува за повеќе стрес, анксиозност и депресија, како и други пореметувања на мозокот.

Истражувањето спроведено на Универзитетот Стенфорд во рамки на интердисциплинарната програма за животна средина покажало дека волонтерите кои пешачеле почесто околу кампусот на универзитетот како дел од ова истражување имале повисоко ниво на внимание и се чувствувале посреќни отколку оние кои биле дел од градскиот сообраќај, во истото време.

Истражувањето било спроведено на тој начин што оние кои пешачеле во природа го правеле тоа сами, без друштво и без музика со бавно одење. Веднаш по пешачењето тие се враќале во лабораторијата на универзитетот каде била следена нивната мозочна активност и кои пополнувале прашалник (пред и по пешачењето). Тоа покажало дека оние кои пешачеле во градот, во густиот сообраќај немале промени во нивната мозочна активност. Но, кај оние кои пешачеле во тивкиот и зелен простор биле забележани значајни подобрувања во нивното ментално здравје.

Ваквите податоци покажуваат дека природните средини имаат едноставен, но и брз ефект на подобрувањето на нашиот мозок, но и нашето расположение.

new nike air max 2019