Пазувите на кањонот Матка кријат во себе една мала Света Гора (ВИДЕО)

Женското монашко сестринство во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, манастирски комплекс лоциран во непосредна близина на прекрасниот кањон Матка.

Црквата е ѕидана од камен и тула, во форма на стеснет впишан крст, со слепи странични бродови и една осумаголна купола. На куполата има 4 прозорци ориентирани кон четирите страни на светот и се потпира на 4 пиластри, а олтарната апсида однадвор е тристрана.

Во самата црковна градба биле вѕидани следните камени елементи од ранохристијански храм (рамковно 6.в.н.е): два двојни прозорски столба од мермер високо во куполниот тамбур; потполно сочуван столб од травертин, всидан во јужниот ѕид; два дела од еден олтарен столбец; дел од олтарен столбец; мал олтарен четирилистен капител вѕидан во северната фасада.