Овие пет намирници го чистат организмот од никотин

Сите сме свесни за негативното дејство на цигарите и никотинот врз нашиот организам. Ако сте престанале да пушите или сте страствен пушач, најбрзиот начин за да го исчистите организмот од никотинот е со помош на овие свежи и вкусни намирници.

1. Зелен чај и витаминска вода

Со пушењето телото ја губи потребната течност и огранизмот почесто доаѓа во состојба на дехидрација. Пиењето на голема количина вода, витамински или зелен чај го мијат никотинот од телото и му помагаат да се исчисти.

2. Киви и лимон

Освен водата, пушењето од телото ги исфрла и витамините А, Ц и Е кои го зајакнуваат имунитетот и му помагаат на организмот да се бори против разни инфекции и бактерии. За да ги надополните изгубените витамини посегнете по едно овошје киви во текот на денот или секое утро испијте чаша лимонада.

3. Спанаќ и брокула

Фолната киселина е многу важна за нормална работа и развој на телото, но исто така му помага на организмот да се ослободи од никотинот. Освен во вид на таблети, фолната киселина, но и споменатите витамини можете да ги пронајдете и во спанаќот. Брокулата е преполна со витамин Ц и Б5, кој се губи со пушењето.

4. Свежи моркови

Никотинот ја уништува кожата и ја прави безживотна и сува. Доколку сакате да се ослободите од овој ужасен несакан ефект од пушењето, јадете што повеќе моркови. Тие содржат големи количини на витамините А, К, Ц и Б кои се главни прочистувачи на телото. Исцедете ги морковите во соковник измешани со јаболка и лимон или исецкајте ги во салата.

5. Сок од портокал

Овој освежителен пијалок го хидрира телото, му ги дава потребните витамини, но и го чисти организмот од никотин. Исцедете два портокали, додадете малку вода и испијте го пијалокот помеѓу оброците.