Една од осум жени, во текот на животот ќе заболи од рак на дојката, односно секој 10 минути по една жена дознава дека заболела. Според стручњаците, симптомите можат да бидат поприлично воочливи, како топчиња или натекнати ткива или пак суптилни како најобичен осип. 

Кај Клер Варнер, постоел само еден симптом, ситна вдлабнатина на долниот дел на левата дојка. Нејзината пријателка која преку Фејсбук го објавила своето искуство со оваа болест, била главната причина Клер да се обрати на лекар. Откако била на преглед, дознала дека нејзините сомнежи, за жал биле основани. 

Наместо да се помири со судбината, таа замина на операција, на хемотерапија и на зрачење. Преку Фејсбук таа ја објави фотографијата со цел да им укаже на жените како да ги увидат првите симптоми. 

Под сликата пишува: Ова е фотографија од мојата лева дојка. Мала модрица, тоа е местото на кое ми направија биопсија. Вдлабнатината покрај неа е редок и малку познат симптом на ракот на дојката. Одвај се забележува, ќе помислите дека не сте болни туку дека тоа е само мала вдлабнатина. 

Нејзината фотографија ја споделија повеќе од 25 000 жени, а целта беше постигната, да се докаже дека ракот на дојката не е лесно забележлив и не предизвикува болка. Иако Фејсбук ги брише сликите за кои смета дека се несоодветни, оваа не беше избришана. Без разлика на се, потребни се редовни лекарски контроли на градите на жените. Оваа болест може да ги нападне и мажите и жените, но жените се големо мнозинство од оние кои имале ваков проблем. Лекарите можат лесно и брзо да имаат увид врз вашето здравје со користење на соодветна медицинска технологија. Доколку забележите нешто невообичаено, направете ултра звучен преглед и/или мамографија. 

Останати симптоми на ракот на дојката се:

Промена на големината и обликот на едната или двете дојки
Нови вдлабнатини на кожата на градите
Топчиња или отоци под пазувите
Осип на градите или околу нив
Промени на брадавиците