Постојат жени кои се паметни, убави, пристојни и културно воспитани. Но, многу често од овие жени можеме да слушнеме дека тие не можат да најдат партнер кој им одговара. Зошто е тоа така?

Таа не се плаши да ја каже вистината

Дури и кога боли, дури и кога е директна, таа не се плаши да ја каже вистина. Таа секогаш ги кажува нештата кои ги мисли.

Таа поставува тешки прашања

Таа поставува прашања кои и значат и чии одговори навистина сака да ги слушне, но кои понекогаш се тешки и премногу длабоки. Тие прашања се оние кои дел од мажите со воодушевување би ги избегнале.

Таа има потреба од блискост и го бара тоа

Таа дава искрени одговори и го очекува истото. Таа не сака игри и секогаш повеќе ја сака вистината од лагите и неискреноста.  Таа верува во љубовта и никогаш нема да толерира некој кој ја третира помалку од тоа што го заслужува.

Таа не се плаши да посочи што и е потребно

Оваа жена не се плаши да ја даде сета нејзина љубов, дури и тогаш кога е свесна дека може да биде повредена. Но, таа сака да биде сакана и го бара тоа гласно. Таа сака сигурност, сака чувства и сака отворен разговор.

Таа зборува отворено за проблемите

Кога ќе се јави проблем или конфликт, таа не се плаши отворено да зборува за тоа. Не се преправа дека ништо не се случило и таа верува во моќта на комуникацијата и искреноста.