Жената Водилија е навистина фасцинантна девојка. Таа има тенденција да биде непредвидлива, либерална, слободоумна.

Водолијата е безгрижна девојка на која не и е гајле што другите луѓе мислат за неа. Но, исто така, не се замара дали начинот на кој се однесува вади некого од такт. Таа смета дека треба да ја поседува слободата да го живее животот како што таа сака.

Експериментирањето, возбудата и авантурите се составен дел од нејзиниот живот. Желбата за експериментирање во комбинација со страста и помагаат да гипронајде нови извори на енергија,  што ја прави возбудлива љубовница.

Верува дека секој човек треба да прави што сака, се додека со своите постапки не повреди некој друг. Нејзиниот отворен ум и овозможува да гледа пошироко на светот околу себе, па поради тоа е и многу добродушна личност, која ги разбира чувствата на другите луѓе. Нејзината хумана страна ја тера отворено и страсно да ги покажува и сопствените емоции.

Клучот за да ја задржите водолијата покрај себе, е да се осигурите дека таа нема да се чувствува задушено во врската. Треба постојано да ја охрабрите да продолжи да си го истражува животот на свој начин, а не да и ставите синџири и да ја држите покрај себе. Таа сака да биде со некој кој е независен и размислува на несекојдневен начин, кој може да го смета и за најдобар пријател, со кој ќе се чувствува слободно да зборува отворено на секоја тема.