Ова се новите цени на горивата во Македонија кои важат од полноќ

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – бензините поскапуваат за 0.5, односно 1.00 денар, додека цената на дизелот останува непроменета.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.98 проценти.

Од полноќ литар ЕУРОСУПЕР БС 98-ца ќе се точи по цена од 64,50 денари, цената на ЕУРОСУПЕР БС инесува 62,50 денари за литар, а дизелот останува 60 денари.

Цените веќе стапија во сила.

new nike air max 2019