Ова се новите цени на горивата во Македонија, кои важат од полноќ

Од полноќ бензинот повторно доби повисока цена, дизелот се продава по намалена цена.  ЕУРОСУПЕР од 95 октани поскапува за половина денар,  цената на 98 цата останува иста. Литар дизел, ќе се продава за денар поевтино-  или новата цена е  59,50 денари.

Сепак ова намалување е минимално и нема да ги израдува возачите , затоа што од декмеври до сега  дизелот поскапе за 4  ипол денари. Најмногу заради зголемувањето на акцизата  која по нова година  се зголеми за 3 ипол денари.

На бранот поскапување, први регаираа такси превозниците. Зголемувањето на акцизата ги натера дел од компаниите  кои даваат попуст, да го намалат. Наместо до 40 денари, сега   тие на  прикажаната цена на таксиметрите даваат намалување од 20 денари. Оние пак кои имаа  помал попуст го укинаа.

Такси превозниците не ја исклучувата можноста ако продолжи да расте цената а горивата да бараат и зголемување на  цената за  километар која во моментов е 25 денари.

Превозниците пак –  сеуште ги прават потребните анализи  дали поради зголемената акзица  ќе треба  да направат корекција на цената на билетите.