Михаил Литвак е доктор, психотерапевт и еден од најпознатите психилози на меѓународно ниво. Тој е и првиот човек кој го развил системот на т.н. психолошки аикидо. Според овој систем, важно е една личност да го разбере окружувањето и да се разбере себеси.

Ова се неговите најмудри совети за постигнување на тоа:

 Ако човек не може да каже ништо добро за себеси, а сака нешто да каже, тој одбира да зборува лошо за другите.

Депресивната состојба му е дадена на човек, за да може да размислува за себеси.

Никој никого не отфрла, само некој оди понапред. Така што, тој што останува позади смета дека е отфрлен.

Ако мислите добро за себе, зошто е важно другите да мислат добро за вас?

Способноста да се сака и добро да се поднесе самотијата е показател за душевна зрелост.

Незрелата личност често знае, но не умее. Зрелата знае, но и умее. Затоа, незрелата личност критикува, а зрелата делува.

Јас не го знам патот до успехот, но сигурниот пат до неуспехот е желбата да им се допаднеме на сите.

Сакаш да го запознаеш својот најголем непријател? Погледни во огледало. Избори се со него и сите останати ќе избегаат.

Нема машка и женска логика, постои само способност и неспособност рационално да се размислува.

Постигнете успех, навредите ќе поминат.

Постои една најголема причина за раскинување и престанок на работата  - неможност за личен раст во дадените околности.

Со пријателите е пријатно да се разговара, а со непријателите корисно.

Со пријателите и непријателите треба да се дели само радост. Пријателите ќе се израдуваат, а непријателите ќе се вознемират.

Не ја барајте среќата, никогаш нема да ја најдете. Таа ќе ве најде самата.

Ако некому сакате да докажете нешто, значи дека живееш поради личноста на која сакаш да и докажеш нешто. Ако живееш поради себе, тогаш нема потреба никому ништо да докажуваш.

Подобро е да се комуницира со добра книга, отколку со празен човек.