ОУ„Петар Поп Арсов“ на Детската училишна евровизија

Основното училиште „Петар Поп Арсов“  од општина Карпош е единствениот претставник од Македонија на Детската училишна евровизија што се организира по деветти пат, а на која ќе учествуваат училишта од над 30 европски држави.

Секое училиште треба да прикачи видео запис со кој ќе ја претстави својата земја.

– Основците неколку девојчиња и момчиња од Карпош, на овој детски училишен фестивал ќе ја претстават Република Македонија со песната „Признавам“ од Маријана и Росана. Вметнувајќи фолклорни музички инструменти како тапан и кавал, во видеозаписот на интерпретацијата на оваа песна, македонската фолклорно-музичка култура ќе биде претставена во европски рамки, информираат од општина Карпош.

Крајниот рок за учество на манифестацијата е 11 мај, а на 14 мај, ќе биде прогласен победникот.