Отворен е кастингот за гласови за „Јон Вардар против Галаксијата“

Првиот долгометражен македонски анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ во продукција на „Линкс студио“ објави кастинг за гласови. Кастингот е отворен за сите, а повеќе информации и слики од ликовите може да се најдат на фејсбук-страницата на филмот.

„Јон Вардар“ е анимирана апсурдна СФ-комедија, каде што речиси сите ликови треба да глумат претерано.

Дури за разлика од филмска глума, овде глумата најчесто треба да биде и понагласена и од театралната глума. Ликовите ќе бидат анимирани според гласот, затоа е многу важно актерите да направат динамична вокална изведба на секоја реченица, на секој збор.

Секој лик треба да има посебна специфика на изразување, што значи дека дијалозите треба да се сфатат како жива материја која ќе се досредува и адаптира за време на снимањето.

Можно е ликовите да зборуваат на различни дијалекти (битолски, скопски, кумановски, струмички) или акценти (албански, ромски, американски, француски, италијански).

Доколку можете да го модулирате гласот и да добивате различни бои на гласот, сакаме да го чуеме тоа. Исто така, доколку можете добро да го имитирате гласот на некоја позната личност, пратете ни пример.

Кандидатите треба да снимаат една или повеќе варијанти на сцените по нивен избор и да ги испратат аудиофајловите на е-пошта:

lynxanimationstudio@gmail.com, со назнака – Кастинг Јон Вардар. Доколку е-пораката е потешка од 25 Мб, да се користи платформата www.wetransfer.com.

Во името на фајлот задолжително да стои името на кандидатот. (на пр., доколку вашето име е Петко Петковски, фајлот треба да се вика ПеткоПетковски) Доколку има повеќе фајлови, само додадете бројка на крај. Кастингот е отворен за сите.

cheap nike air max 90