Отровни врски: Психолозите предупредуваат да се бега од овој тип на мажи!

Психолозите предупредуваат дека ако мислите дека можете да го промените „лошиот дечко“ и дека љубовта може да победи се, тогаш вие сте магнет за луѓе со отровни карактеристики.

„Никој не е имун на таканаречените отровни луѓе. Дури и ако сте талентирана пијанистка, неверојатна лекарка или учителка, ако не научите да ги препознавате опасностите, тешко дека ќе ја избегнете отровната врска.“ – вели психологот и експерт за врски Кристина Мерчант.

Нездравите односи таа ги нарекува „кругови на болка“, а како примери ги наведува врските во кои еден од партнерите се чувствува изневерено, отфрлено, малтретирано или запоставено.

Ако се се врти околу желбите и потребите на партнерот, а вашите чувства и личност се поттиснати во „подземјето“, тогаш немојте бескрајно да трошите енергија на залуден обид да ја промените таа личност.

Доктор Лилијан Глас, авторка на прирачникот „Отровни луѓе“, вели: „ Ако мислите дека можете да го промените „лошиот дечко“ и дека љубовта може да победи се, тогаш вие сте магнет за луѓе со отровни карактеристики, бидејќи тие се лепат за љубовните идеалисти. Затоа е најважно да имате реални очекувања.

Ако новиот партнер ви делува дека е совршен, тогаш уште повеќе бидете претпазливи, посебно ако се наоѓате во ранлива фаза.

Слатките зборови, неодоливиот шарм, претераното заштитничко однесување и непрестајното давање подароци можат да прикријат нездрава или несигурна личност.

Мерчант вели: „Но, причината за отровната врска може да биде и ситуација која спречува развој на квалитетен однос како на пример односот кој во модерно време е многу популарен, т.н  „пријатели со поволности“.

Извртување на зборовите

Ако партнерот ве предупреди дека не е за врска и дека сака да се коцка, верувајте му на зборот и не се трудете да ја извртите ситуацијата за да го оправдате.

Истражете ја ситуацијата

Ако каже нешто што е навистина погрешно, впуштете се во испрашување: „Извини, не те чув што кажа?“ или „Што точно мислеше со тоа?“.

Скриени прашања

Ако понекогаш изнесе некои чудни размислувања, прашајте го: „Како би реагирал ако некој ти каже дека грешиш?“

Штетни пофалби

Привидните комплименти како на пример: „Одлично играш кошарка со оглед на тоа дека си женско“ или пак навреди кои на крај завршуваат со: „Само се шегувам!“ се знаци кои треба да ви укажат дека треба да бидете повнимателни.

Внимателно зборување

Бавно зборување и повторување на делови од вашите реченици пред да одговори, кои прават да изгледа како да размислува причина или оправдување, исто така може да биде знак дека си имате работа со отровна личност.

И телото има свој говор

Отровниот однос се рефлектира на изгледот на партнерот кој пати, а негативните чувства можат да се прочитаат од лицето и од држењето на телото.

„Добро си?“

Ако забележите дека вашите пријатели и познаници се почесто ве прашуваат: „Делуваш вознемирено. Добро ли си?“, време е малку да подразмислите.

Продолжува на следната страна...

Сите лица на отровните личности

Лилијан Глас вели: „Многу жени ги запоставуваат сопствените емоционални потреби, грижејќи се да не ги повредат чувствата на отровните партнери. Па така, тие често завршуваат искористени, повредени и несреќни, а не се ни свесни за тоа.“

Отровните мажи имаат многу лица кои можете да ги разоткриете уште во најраната фаза на врската. Едно од нивните типични однесувања е истакнувањето на повластеноста. Ако постојано го истакнува својот (нереален) допринос кон врската, а остро ја критикува партнерката сметајќи дека заслужува непрекината благодарност за пожртвуваноста, тоа значи дека се работи за љубовно поглавје кое без залажување се препорачува да се затвори што побргу.

Отровните мажи често се „експерти за се“  и “секогаш во право“. Ако постојано зрачи со арогантна супериорност, ако ги објаснува работите дека жената не е способна да се грижи за себе и смета дека нејзиното мислење е неважно односно непотребно, значи дека се работи за „отровен материјал“ за врска.

Една од најкритичните ситуации е онаа на „апсолутна контрола“. Партнерот кој неуморно настојува да го контролира секој аспект на животот на партнерката – од она што го прави, до тоа каде се движи, се до тоа со кој се дружи и до кога седи на кафе, никогаш нема да се промени, независно од тоа колку тоа партнерката посакува да се промени.

Господинот Чувствителен

Кога станува збор за повредувањето на неговите чувства, плаче како дете, затоа што е „во контакт со сопствените чувства. Ако станува збор за партнерката, можеби ќе ги каже правите зборови, но нема да делува премногу заинтересирано.

Шармантен играч

Тој шармира со неверојатното внимание и разоружува со љубовните вештини, но откако ќе ослабе интересот, делува ладно и постојано гледа по други жени. Никогаш не сте сигурни дали е верен. Неспособен е за длабока емотивна поврзаност затоа што за него, жените се само играчки.

Вечна жртва

Тој е вечна жртва. Сите негови врски завршиле заради испадите на партнерките кои премногу барале од него и кои сакале да го контролираат и кои го гушеле. Затоа се случиле неговите изневерувања. Моменталната партнерка ја гледа само како уште една претставничка на женскиот пол, а за него, сите жени се исти.

Великодушниот егоист

Повремено, тој со некој великодушен гест ќе си докаже самиот на себе дека е „добра личност“.  Го слави сопствениот допринос кон врската, а партнерката ја обвинува за неблагодарност и себичност. Тој бара непрестајно фалење и признание. На најмалата критика или приговор дека мисли само на себе, тој веднаш станува гневен.

Пресметан манипулатор

Знае да се вовлече под кожа, а специјалност му е тивката психолошка манипулација. Секогаш е смирен и под контрола, а умствената супериорност ја наметнува со мирен глас. Често имитира или иронично исмејува, а и најобичниот разговор не може да пројде без пасивно-агресивно однесување.

Слаткоречив нарцис

Во јавноста е слаткоречив и самоуверен, во врската е самодоволен и „без маани“. Не поднесува несложувања и критики, а за грешките секогаш ги обвинува другите. Секогаш се става себеси на прво место и смета дека сите треба да му се воодушевуваат.

Насилен „заштитник“

Се смета себеси за „силен заштитник“ и верува дека сите жени им се подредени на мажите. За нив, функцијата на правиот маж е бескомпромисно одржување на „редот во куќата.“ Колку повеќе се чувствува безвреден во животот, толку повеќе настојува да доминира во врската.