Откријте го најлицемерниот хороскопски знак

Дволични е само лајт-израз за овие личности кои мислат едно, кажуваат нешто друго, а потоа прават нешто сосема трето. Станува збор за Близнаците.

Ако некој Близнак ви ветил нешто, не се надевајте премногу, бидејќи кај нив чувството за одговорност е најчесто сведено на нула.

За нив се вели дека се површни, бидејќи можат со часови да се восхитуваат на едно нешто, а во главата да мислат нешто сосема спротивно.

Знаат да бидат толку големи манипулатори, што подоцна со часови се восхитуваат на своите манипулации и лаги.

Тешко им е да се одлучат што па најчесто ги започнуваат работите и ги оставаат во истиот момент штом им се здодеат, без оглед дали се завршени или не.

Ако сакате да ги држите подалеку од себе само кажете им дека имате сериозни намери во врска со нив и дека размислувате за брак и деца. Тоа ќе направи да исчезнат за миг.

Сепак и покрај сите „лоши” карактеристики тие се одлични пријатели кои знаат да бидат верни на блиските луѓе и да бидат нивна поддршка во моментите кога им е најтешко.

Тешко се вљубуваат и уште потешко ја даваат својата доверба некому, но штом се појави некој таков, тие стануваат најлојалните партнери кои постојат во Зодијакот.