Откриен идентитетот на скопјанецот кој загина во сообраќајка

Едно лице е загинато, друго е повредено во сообраќајна несреќа што завчера околу еден часот и триесет минути се случила на локалниот пат Седларево - Мерово во близина на крстосницата за Луковица.

32-годишниот Б.К. од Скопје од засега неутврдени причини изгубил контрола врз патничкото моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски таблички што го управувал, по што излетал од коловозот, се превртел на покрив и паднал во бездна од дваесеттина метри на тешко пристапен терен. Возачот на возилото починал на самото место додека неговиот сопатник С.Г.(40) од Скопје, кој се здобил со телесни повреди, бил префрлен во тетовската клиничка болница од каде по неколкучасовно задржување бил пуштен на домашно лекување.