Откако си дадовме простор еден на друг, патиштата повторно ни се вкрстија...

Јас и ти започнавме неверојатно бргу. Ние двајца бевме како ролеркостер кој се движи со најголема брзина. Воопшто не ни размислував за тоа, затоа што ние двајца едноставно кликнавме и на почетокот се беше прекрасно. И уживав во секоја секунда од времето кое го поминувавме заедно. Она што не го сфатив е дека можеби требаше да ја забавиме целата работа.

Она што почна толку совршено одеднаш беше прекинато кога ти ми кажа дека се чувствуваш загушено и дека немаш простор за себеси. Она што мислев дека е супер, излезе дека не е. Бев повредена, но се надевав дека ќе успееме некако да го поправиме тоа. Најпрво не беше баш најзаинтересиран, но на крај се согласи да се сретнеме на пола пат и да не го отфрлиме тоа што го имаме. Наместо тоа, одлучивме да одиме спротивно од тоа што секогаш го правевме – не зборувавме. Тоа ме болеше, но знаев дека ако некогаш ги поправиме работите, моравме да се ослободиме еден од друг.

На почетокот чудно беше сознанието дека нема да го слушам твојот глас секој ден, откако ти стана сосема секојдневен дел од мојот живот. Морав одново да научам да бидам без тебе. Но, откако го добив просторот да го направам тоа, сфатив како успеавме да стигнеме од прекрасна врска до несреќа и тага. Ние го прифативме тоа дека сме заедно и никогаш не размислувавме подлабоко, иако и двајцата го сакавме тоа. Ги пропуштивме шансите да ги надминеме чудните чувства и да почнеме да си веруваме еден на друг на едно поинакво ниво.

За време на тоа приспитување, те исфрлив од мојата глава за да можам да се фокусирам. Но, повторно почна да ми влегуваш во мислите. И тогаш сфатив колку ми недостасуваш. Колку повеќе мислев на тебе, толку повеќе сакав да ги поправам работите и да ги поправам на вистинскиот начин. Но, во исто време знаев дека морам да те чекам. Без оглед на тоа колку сакав работите да се поправат, знаев дека и ти треба да го сакаш истото. И затоа трпеливо те чекав, надевајќи се дека ќе ги сфатиш работите кои и јас ги сфатив.

И очигледно и ти го чувствуваше истото, затоа што навистина се врати.

Најпрво се шокирав кога се врати, затоа што не го очекував тоа. Мислам дека со тоа што си дадовме простор еден на друг, всушност ние успеавме да работиме на себеси и тоа нѐ направи нас подобри и тоа на многу начини.

Моравме да научиме дека можеме да бидеме заедно, а сепак да имаме свои животи. Не мораме цело време да бидеме заедно и сосема е во ред одвоено да правиме некои работи. И мислам дека сфативме дека ако сакаме врската да успее, мораме да се даваме простор еден на друг и внатре во врската. Не смееме да се гушиме еден со друг во точка кога и двајцата се чувствуваме празни. Така функционираат работите, затоа што кога човек се губи себеси, не може да се грижи за некој друг.

Но, сега знаеме како да се грижиме и за себеси и еден за друг. Дури и вака, знам дека можеби нема да можеме да поправиме се. Но, со тоа што си дадовме простор еден на друг, си дадовме шанса да почнеме одново.