Осветлено Скопското Кале

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечер во Скопје ќе одржи протест за промени преку кој повторно ќе испорача барање за одржување предвремени парламентарни избори.

Протестот е најавен со почеток во 20 часот пред зградата на Владата. 

Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, сподели видео со дел од подготовките за големиот масовен собир.

-Осветлено Скопското Кале. Скопје пулсира. Протест за промени! Затоа што навистина премногу е. Се гледаме Македонијо..., порача тој.