Осум сообраќајни незгоди, еден пешак потешко повреден

Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди, а пет лица со лесни телесни повреди во четири од вкупно осум сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје.

Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета. Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила еден возач пред да се стекне со право на управување на моторно возило и едно нерегистрирано возило. Со специјалното возило „пајак“ подигнати се 56 возила. Казнети се и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин