Орбан со честитки за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и на Силјановска Давкова

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати честитки за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори и победата на нивната кандидатка Гордана Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските избори, додавајќи дека се радува на идната заедничка соработка.

„Им честитаме на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Сиљановски-Давкова за заслужената и историска победа на денешните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија. Со нетрпение очекувам да работиме заедно за да дадеме нов поттик на процесот на пристапување на Северна Македонија до ЕУ!“, напиша Орбан на социјалната мрежа Х.