Општина Кисела Вода со препораки до граѓаните за заштита од пожари

Општина Кисела Вода преку соопштение апелира за преземање на превентивни мерки и зголемена будност и мобилност од страна на сите граѓани и субјекти на територијата на општината за заштита од пожари.

– Апелот на општината е поради најавените високи температури што ќе следуваат во наредниот период и по известувањето од Дирекцијата за заштита и спасување за зголемената опасност од настанување на пожари на отворен простор. Се препорачува да не се пали оган на отворен простор и на небезбедни места, да не се палат стрништа, меѓи и други површини, да не се фрлаат стаклени и пластични шишиња, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпадоци од цигари – стои во општинскиот апел.

Оттаму ги повикуваат сопствениците на неизградено градежно земјиште, а е со видливо нарасната тревна вегетација, да го уредат, да ги искосат нараснатите тревни површини, се со цел да се спречат несакани последици од пожари што претставуваат потенцијална опасност за околината.