Општина Кисела Вода го објави огласот за доделување награди на најдобрите ученици, спортисти и просветни работници

Општина Кисела Вода го објави огласот за доделување награди на најдобрите ученици, спортисти и просветни работници од основните училишта.

-  И оваа година продолжува традицијата на наградување и стимулирање на талентираните ученици и спортисти од основните училишта и наградување на најдобрите просветни работници од основните училишта кои опстојуваат на територијата на општината. Имено, е објавен јавниот оглас за пријавување на најдобрите основци, кои постигнале одлични резултати на натпреварите во образованието, културата и спортот, а обезбедени се и стимулативни награди и за просветните работници кои дале посебен придонес во областа на воспитно – образованиот процес, како и во делот на стручната работа со учениците, информираат од општината. 

Во програмите за работа на Секторот за образование, предучилишно воспитување, спорт и култура предвидени се финансиски средства за таа намена, а мешовити комисии составени од претставници од Советите на родителите, Наставничките совети, Управните одбори, општинската администрација и членовите на Советот на општината ќе се погрижат за објективен и транспарентен избор на најдобрите, согласно критериумите во Правилниците донесени од Советот на општината Кисела Вода, за таа намена.

 Огласот е објавен на веб страната на општината и ќе трае пет дена од денот на објавувањето, а покрај објавата на општинската веб-страница и социјалните медиуми, јавниот оглас ќе биде објавен и на огласните табли на сите воспитно – образовни установи во општината.

- Ги повикуваме сите заинтересирани кандидати, кои ги исполнуваат условите во огласот, воопшто да не се колебаат и да земат учество во изборот, пораа од локалната смаоуправа на Кисела Вода.