Општина Кисела Вода додели 55 ваучери за новороденчиња

Општина Кисела Вода додели уште 55 ваучери во вредност од 6 000 денари за новородените деца од оваа општина. Со тоа бројот на доделени ваучери се искачи на 1446. Проектот на актуелнатата градоначалничка на општината Билјана Беличанец-Алексиќ има за цел да им овозможи финансиска помош на родителите на новородените деца. Проектот е наменет за деца чиви двајца родители имаат живеалиште на територијата на општината или еден од нив, доколку се работи за самохран родител.

За остварување на ова право, родителите се должни да пополнат барање, како и да достават фотокопија од лична карта или друг документ за идентификација кој ќе докаже дека имаат живеалиште на територијата на Кисела Вода; извод од матична книга на родени за новороденчето и фотокопија од трансакциска сметка на која би им биле префрлени сретствата. Рокот за поднесување барање трае 90 дена од денот на раѓање на детето.