Општина Илинден интензивно работи на реализација на повеќе капитални проекти во населба Јака

Општина Илинден интензивно работи на реализација на повеќе капитални проекти во населба Јака со цел обезбедување на соодветни современи услови за живеење на граѓаните од тој дел на Општината.

Деновиве се поставува препумпен уред со што се завршува изградбата на фекалната канализација во Јака во вкупна должина од 6.300 метри, со која треба да бидат опфатени најголем дел од домаќинства од тој дел на Општината.

Со изградбата на препумпниот уред се комплетира системот за одведување на отпадни води во Јака и ќе се создадат услови за приклучување на домаќинствата на системот.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да се приклучат на системот за одведување на отпадни води, потребно е да достават барање за проверка на техничка можност за реализација на приклучок на канализациона мрежа во административните простории на ЈКП “Водовод“ - Илинден.

Исто така во Јака завршена е изградбата на примарната водоводна линија со дијаметар ф 225 во должина од 400 метри. Со поставување на овој цевковод ќе се поврзе примарната со водоводната линија од населбата Јака. Со поврзувањето ќе се обезбеди доволно количество на вода за корисниците во Јака.

-Со реализацијата на овие капитални проекти го решаваме долгогодишниот проблем со кој се соочуваа граѓаните од тој дел на општина Илинден, а воедно ќе се подобри квалитетот на животот и ќе се заштити животната средина, информира градоначалникот Александар Георгиевски.