Општина Центар ја презема надлежноста врз салата „Работнички“, и обврските за нејзина реконструкција

Општина Центар од годинава ја презема надлежноста врз салата „Работнички“, а со тоа и обврските за нејзина реконструкција. За некое време КК „Работнички“ повторно ќе се врати на европската сцена напиша градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на неговиот Фејсбук профил.

-“ Предходно за нашиот најтрофеен клуб КК „Работнички“ обезбедивме стабилни спонзори М ТЕЛ и „Видеолотарија Касинос Австрија“ кои го враќаат тимот на старите победнички патеки. КК „Работнички“ долгот од 37 милиони го намали на 5 милиони денари, а по 10 години беше домаќин и организатор на Фиба купот. Општина Центар го субвенционира КК „Работнички“ со 25.000.000,00 денари. Дадовме финансиска поддршка на спортски клубови и спортисти за 2022 и 2023 година (3.000.000,00 денари).  По цели 13 години го реактивиравме ОК „Работнички Скопје 71 & 22“. Ќе продолжиме да го негуваме спортот и спортските активности со цел да им обезбедиме здрав физички и психички развој на нашите деца пиша Герасимовски