Општина Аеродром: Од лажни маил адреси се испраќаат небулози и саркастични информации за наводни активности на Општината

Во јавноста се појави лажна е-маил адреса на Општина Аеродром opstina.aerodrom@gmail.com, од која се пласираат небулози и саркастични информации за наводните активности на Општината.

-Ве информираме дека тоа не е меил на Општина Аеродром, туку дека официјалните маил-адреси завршуваат со назнака за владина институција, односно со ……….@aerodrom.gov.mk. Доколку и во иднина добивате наводни информации од лажни меил адреси, Ве молиме да не ги земате предвид, бидејќи станува збор за груба злоупотреба на институцијата, соопштуваат од Општината.

Исто така, Општина Аеродром го пријави случајот во МВР, а во иднина не е исклучено да покрене и тужба против сторителите.