Опасност за пешаците и велосипедистите на овој дел од Партизанска

Внимателно возете на патеката кај КиМ, на Партизанска, меѓу Соборен Храм и Ленинова, северна страна, ги предупредуваат велосипедитите од „На Точак“. 

Поради изградба на станбен објект поставени се тараби што го стеснуваат просторот за пешаци и велосипедисти, а дополнително поставено е црево до шахтата, над кое има метална конструкција и шахтата е полуотворена.

Сето ова не е обележено и ги става на ризик пешаците и велосипедистите кои го користат ова тесно грло во централното градско подрачје, велат оттаму. 

-Бараме итно бележење на овие препреки, а дополнително сега и во иднина да се обезбедува безбеден простор за движење на коловозот во ситуации во кои се узурпира пешачкиот и велосипедскиот простор за време на градба. Ако Градот ги става на прво место пешаците, велосипедистите и останатите ранливи групи (кои дополнително не загадуваат и чие движење треба да се стимулира) тогаш ќе се грижи тие безбедно да се движат, додека истовремено ги дестимулира загадувачките превозни средства, велат од иницијативата „На Точак“.