Опасна болест која има симптоми како мамурлак

Симптомите слични на оние кои ги имаме еден ден откако ќе се напиеме некоја чашка повеќе, на една девојка ѝ укажале на нешто многу полошо.

Џенифер Греј (21) излегла со пријателите во град, испила малку повеќе, а следниот ден чувствувала болка во грлото, симптоми слични на настинка, болка во зглобовите, главоболка, гадење. Си помислила дека станува збор за обичен мамурлак.

Меѓутоа, нејзините симптоми се влошиле во текот на денот, на крајот отишла во болница и таму трагично завршила откако некое време била во кома.

Лекарите после тоа ѝ направиле низа тестови за да ја утврдат причината за смртта на оваа девојка и се испоставило дека страдала од бактериски менингитис.

Центарот за контрола и превенција на болести го опишува менингитисот како „многу опасна“ потенцијално смртоносна болест. „До смртен исход може да дојде за само неколку часа“, велат експертите од Центарот.

Случаите на бактериски менингитис во последните десет години се намалиле, а ширењето на оваа болест често се поврзувало со студентските кампуси во кои има многу луѓе, а прилично малку простор.

Меѓутоа, она што е проблем е и тоа што симптомите се доста слични на мамурлак.

„Симптомите на бактериски менингитис можат да вклучуваат треска, главоболка, вкочанет врат. Исто така, чести симптоми се гадење, повраќање, чувство на збунетост. Симтомите на бактериски менингитис можат да се изразат брзо или за неколку дена, но најчесто се појавуваат од три до седум дена по заболувањето“, велат од Центарот за контрола и превенција на болести

Во случајот на девојката која починала од бактериски менингитис, лекарите биле речиси немоќни бидејќи симптомите брзо напредувале, па поради тоа подигнувањето на свеста за симптомите е од клучна важност.

Токму затоа, родителите на Грејс одлучиле оваа приказна да ја споделат со целиот свет, за луѓето подобро да се запознаат со оваа болест.

Кога станува збор за превенција на болеста, експертите велат дека е важно да се зајакне имунитетот и да имате здрави навики.