Опасна болест го вклучи алармот во Европа

По смртта на 5-годишниот Мирко од Хрватска дури 12 од вкупно 28 земји на ЕУ пријавиле појава на труење со салмонела.

Ширењето на болеста го пријавиле Холандија, Франција, Германија, Белгија, Данска, Финска, Британија, Луксембург, Шведска, Норвешка и Полска.

Сите тие земји, според сознанијата на хрватските медиуми, пријавиле појава на болеста, но бидејќи луѓето се заразиле во ресторани или јавни кујни, било невозможно да се открие која точно намирница била главен виновник за стотина случаи на труење со салмонела.

Кога во средата Хрватска во RASFF пријавила сомнение на салмонела од јајца увезени од Полска, се наместиле сите коцки и сите земји ги поврзале случаите на труење со јајца од полска фарма.

Според пишувањето на полската новинска агенција PAP, Холандија и Белгија исто така ја известиле Европската комисија за квалитет на храната дека пронашле јајца заразени со салмонела.

Станува збор за сериозна закана, а белгиската Федерална агенција за безбедност на храна во јајцата од Полска утврдила контаминација со салмонела, а ги увезле најмалку седум членки на ЕУ. Ризичните јајца се користеле во стотина ресторани во Белгија.

Хрватскиот министер за здравство, Милан Кујунџиќ, рекол дека во несреќниот случај со починатиот Мирко е докажана зараза со "Salmonella enterdiditis", како и кај останатите четири члена на семејството.