ОOУ „Ристо Крле“ во Илинден со богата културно-забавна програма го одбележа патрониот празник

Учениците од ООУ „Ристо Крле“, од н.м. Кадино и подрачните училишта во н.м. Мралино и н.м. Бунарџик, со богата културно-забавна програма  под мотото „Немаме резервна планета“, во училишната спортска сала на свечен начин го одбележаа  патрониот празник на училиштето.

Ритмички вежби, фолклор, хорски изведби, драмски точки, рецитали беа само дел од богатата програма по повод 39-от патронат, што учениците ја подготвија за присутните гости, родители и наставници.