Живот
9. Јануари 2017 - 15:38

Она што следи по вашето „ ЈАС“ е тоа што го привлекувате во вашиот живот

Дали некоја од следнивте реченици ви звучи познато?

„Јас сум швоцр.“
„Јас сум уморен/а.“
„Јас сум глупав/а.“

Листа продолжува до бесконечност.

Без разлика дали сте свесни за тоа или не, но вие постојано си ги кажувате работи кои ја програмираат вашата потсвест да оформи уверувања за вас и вашиот живот. За жал, негативните работи се подеднакво ефективни како и позитивните.

Се работи за законот на привлекување кој вели: „Во нашите животи го привлекуваме она коешто избираме да го мислиме, велиме и веруваме за нас и нашата перцепција за реалноста.“

Едноставната промена на лошите вибрации во вашите мисли, зборови и уверувања со добри вибрации ќе ја репрограмира вашата потсвест и со тоа ќе го промените вашиот живот и она што го привлекувате во него.

Алберт Ајнштајн рекол: „Лудило е кога цело време ја правиш истата работа и очекуваш различни резултати.“

Верувам дека секој од нас, во одреден период од животот мислел дека ќе полуди заради тоа што работите не оделе онака како што сме ги планирале. Но, запрете за момент и запрашајте се што сте си кажувале самите на себе?

Повторно прочитајте ја првата реченица од оваа статија.

Голема е веројатноста дека сте посакувале нешто сосема различно од горенаведеното, но тоа се речениците со коишто сте се програмирале.

Како да ја направите промената која води до позитивен живот?

Почнете да изговарате позитивни реченици.

Докажано е дека речениците кои почнуваат  со „ЈАС“  се најефективен метод за репрограмирање на потсвеста со цел да се привлечат позитивни резултати во нашиот живот. Не е филозофија, туку прагматичност.

Првата работа која треба да ја направите е да решите да бидете позитивни и да бидете фокусирани на тоа да останете позитивни, без оглед на ситуацијата. Тренирањето на мозокот да мисли и да остане позитивен бара многу дисциплина и тренинг, но резултатите се феноменални.

Можете да почнете со овие реченици и да ги повторувате што е можно почесто, на глас или во себе:

„Јас сум позитивен/позитивна во моите зборови и мисли.“
„Јас сум среќен/а со мојот живот.“
„Јас сум силен/а и храбар/а во се што правам.“
„Јас сум благословен/а.“
„Јас сум безбеден/а.“

Можете и да ги замолите членовите на вашето семејство да ви помогнат при создавање нови начини за позитивно размислување со тоа што ќе ги замолите да ве сопрат секогаш кога ќе кажете нешто негативно.

По неколку недели ќе ги забележите првите резултати и со сигурност ќе се чувствувате многу подобро.