Балерината и кореографка Олга Панго, коjа досега беше на функцијата уметнички раководител на балетскиот ансамбл во МОБ, од денеска е назначена за вршител на должноста директор на Македонската опера и балет.


Таа ќе го замени досегашниот директор Игор Дурловски, со одлука на Министерството за култура.

Дурловски, кој беше еден од водачите на протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, одлучи да се повлече од оваа функција минатиот месец, а одлуката за ова ја сподели на својот Фејсбук профил.

„Жалам што сите овие општествени превирања се случуваат во година кога одбележуваме два значајни јубилеи и со кои требаше да создадеме нова страница со врвни уметнички достигнувања. За жал, а можеби некому за среќа, МОБ не беше поштеден од негативните ефекти од наметнатите општествени услови, кои се одразија врз целокупната работна атмосфера, расположението на нашата публика, безбедносниот скептицизам на дел од нашите гости-уметници, и ред други помалку значајни нешта“, напиша тогаш Дурловски во објавата.