Околу 40 илјади Македонци годишно мигрираат во земјите од Западна Европа

Околу 40 илјади Македонци годишно мигрираат во земјите од Западна  Европа. 

Германија, Австрија, Италија Швајцарија  се државите во кои одат да работат. Дел од нив се враќаат, но бројка од 12 илјади работници годишно остануваат во овие земји.

Во следните три до пет години Германија ќе има потреба од 3 милиони работници. Поради слабото познавање на јазик македонските работници ќе добијат сериозна конкуренција од Украина. Интересот пак за работа на брод опаѓа со отворањето на пазарот  на Малта. Многу Македонци  одат да работат таму.

Во Европа најплатени се занаетчиите. Месечно можат да заработат и до 4000 евра. До 2000 евра се платите во индустријата. 80 отсто од луѓето кои заминуваат се мажи, 30 отсто жени. Најчесто одат од 19 до 20 години и од 40.  Повеќето се нискоквалификувани  и полуквалификуавни работници. Со високо образование и фамилијарно  заминуваат   во Австралија, Нов Зеланд и Канада.