Ограбени три бензински пумпи во Скопје

Три бензински пумпи утрово се ограбени во скопско. И во трите случаи две маскирани лица со закана од пиштол од вработените одзеле засега неутврдена сума пари, соопшти МВР.

– Утрово во периодот од 04:05 часот до 04:15 во Скопје во бензинските пумпи на „Супер Оил на ул.„Перо Наков“ бб, на „Макпетрол“ на ул.„Методија Андонов Ченто“ бб и на бензинската пумпа „Аива Оил“ лоцирана пред село Арачиново извршени се разбојништва, се наведува во соопштението.

Полицијата презема мерки за расчистување на случаите и пронаоѓање на сторителите.