Ограбена лабораторијата на Фармацевтскиот факултет

Вчера во 13:45 часот во Полициската станица Центар, од Фармацевтски факултет при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“- Скопје било пријавено дека во периодот од 19 часот на 20.03.2018 до 7 часот на 21.03.2018 година во лабораторија на факултетот непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот со тврд предмет го скршил прозорецот, влегол внатре и одзел две лабораториски дигитални ваги, два ЛЦД монитора и компјутер, по што заминал во непознат правец. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 300.000 денари. 

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.