Ограбена бензинска пумпа во Скопје

Бензинска пумпа лоцирана на ул.„Козле“ синоќа е ограбена од страна на непознато лице со закана со пиштол.

Како што соопшти МВР, грабежот синоќа 40 минути по полноќ во СВР-Скопје, го пријавил С.К вработен на бензинската пумпа кој изјавил дека непознато лице со качулка на главата и со закана со пиштол извршил разбојништво при што биле одземени парите од дневниот промет.

По разбојништвото сторителот го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.