Оглас за вработување во НЛБ Тутунска банка АД Скопје

НЛБ Тутунска банка АД Скопје е водечка банкарска институција во Република Македонија со постојан тренд на пораст и позитивни резултати од основањето до денес. Банката спаѓа во групата на големи банки и според вкупната нето актива е трета по големина банкарска институција во Република Македонија.

НЛБ Тутунска банка како водечка банка во земјата го проширува својот ИТ тим #НашеЗошто - Затоа што веруваме во нашата креативност и страст за технологијата. Истражуваме и создаваме иновативни, подобри и помудри решенија... за позитивни промени во нас и околу нас.

#НашаМисија - Нашата мисија е секој ден, со секоја акција, да ги претвориме информацијата и технологијата во моќни алатки кои забрзано ја движат Банката напред, да растеме заедно, да успееме заедно.

#НашаПриказна - Нашата предност е што сме најблиску до технологијата и информациите. Нашата улога е да ја поврземе технологијата со корисниците и заедно да го движиме бизнисот напред.

Секторот за ИТ бара нов член во тимот за систем администрација, кој со самомотивација, страст, знаење и искуство ќе придонесе во понатамошниот технолошки развој на Банката. Имате можност да се приклучите кон млад и динамичен тим, да работите во етаблирана корпоративна средина, со напредна ИТ технологија и околина за развој и иновации. Тоа подразбира и можност за личен развој и специјализација во различните области на банкарската индустрија.

Во секојдневната работа ќе се ангажирате на работа во следните области:

- Одржување, надзор и имплементација на сервери и сервиси Windows Client Server 2008/2012 инфраструктура со повеќе AD контролери, дистрибуирана Exchange платформа и Microsoft сервиси Web и File сервиси, во физичка и виртуелизациска околина (HyperV и VMware)

- Управување и поврзување со централни Storage системи

- Поддршка на клиентска Windows инфраструктура.

Минимум потребна квалификација е завршено високо образование од технички области (Информатика, Електротехника, ИТ). Заинтересираните кандидати своите податоци и CV-ја можат да ги достават на ОВОЈ ЛИНК заклучно со Четврток, 31.12.2015 година.

Краен рок за пријавување: 31.12.2015