Оглас за вработување во Македонски Телеком

Служба за Планирање и имплементација на Основна мрежа /Сектор зa Развој на мрежи и сервисни платформи

Работно место: Виши Специјалист за развој на транспортна и IP мрежа – 2 извршители.Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место.

Услови:

Високо образование - Технички факултет – Електротехника, Телекомуникации или останати факултети
5 година соодветно работно искуство
Активно познавање на англиски јазик
Познавање на МС Офис пакетот
Напредни познавања на IP и транспортни технологии и опрема

Работни задачи:

Изработува технички решенија за развој на IP мрежата и транспортните мрежи заради навремено обезбедување на технолошки предуслови и мрежни ресурси за реализација на сите телекомуникациски услуги неопходни за реализација на Бизнис планот на компанијата

Изработува проектна документација за имплементација на техничките решенија за развој на IP мрежата и транспортните мрежи заради создавање услови за правилна имплементација на проектите со цел обезбедување на технолошки предуслови и мрежни ресурси за реализација на сите телекомуникациски услуги

Управува со процесот на имплементација на проектите во улога на Проект Менаџер и/или Проект Елемент Менаџер заради навремена реализација на проектите согласно бизнис планот и стандардите на компанијата, CAPEX планот, буџетот и временските рокови, како и во согласност со меѓународните телекомуникациски стандарди и соодветни законски акти на државата

Изработува технички барања за набавка на опрема и учествува во работата на комисиите за техничка евалуација за сегментот на IP мрежата и транспортните мрежи со цел да се имплементираат решенија кои ќе обезбедат оптимална комбинација на најнапредна технологија и заштеда на финансиски средства

Ги специфицира техничките податоци за максималната потрошувачка на ел. енергија и работните услови за нормално функционирање на опремата и дава предлози при избор на просторија за инсталација на мрежната опрема

Ја следи состојбата со искористеност на мрежните ресурси, подготвува соодветни извештаи и предлози со цел да се подготват оптимални технички решенија за обезбедување на услови за реализација на сите телекомуникациски услуги согласно Бизнис планот на компанијата

Подготвува налози за реконфигурација и/ или демонтажа на мрежни елементи и ја следи нивната реализација со цел да се оптимизира процесот искористување на мрежни ресурси

Ја следи состојбата на минималниот сет на залиха во делот на IP мрежата и транспортните мрежи и дава предлози за негова оптимизација за обезбедување на услови за непречено реализирање на сите телекомуникациски услуги

Подготвува план за обезбедување на синхронизација во мрежната инфраструктура потребна за функционирање на телекомуникациските услуги

Способности и вештини:

Комуникациски и аналитички способности, способност за работа под притисок, способност за работа со кратки крајни рокови, тимска работа., напредни способности за презентација, креативност, проактивност, флексибилност Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса: Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Виши Специјалист за развој на транспортна и IP мрежа

Огласот ќе трае до 15.01.2016

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00, односно, 40 часа неделно во прва смена.

Основна нето плата е во висина од 28.871,00 денари и додатоци на плата.

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.

Краен рок за пријавување: 15.01.2016