Од полноќ нови цени на бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66% во однос на одлуката од 23.2.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,454%, кај дизелот за 0,742%, кај екстра лесното масло за 2,637% и кај мазутот зголемувањето е за 1,773%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,187%