Обвинителство: На убиството во Чаир му претходела вербална расправија, сторителот побегнал

На убиството коешто се случи попладнево во Чаир, претходела вербална расправија помеѓу сега починатиот и сторителот, велат од Основното јавното обвинителство.

Сторителот откако пукал и го усмртил 24 годишното момче се дал во бегство, а по наредба на јавен обвинител се подигаат траги од лице место кои ќе бидат предмет на обработка.

Убиството се случило околу 18 часот на улица Џон Кенеди спроти Средното училиште „Цветан Димов“ во скопската населба Чаир.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидна екипа на Министерството за внатрешни работи врши увид на местото на настанот.

Издадена е и наредба за обдукција на починатото лице.