Објектот кај Мавровка помал од нелегалниот и со чиста документација

Новиот објект кој се гради кај Мавровка е со чиста документација, помал од претходниот и не е цврста градба, објаснува градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. 

На местото на урната дивоградба кај ТЦ „Мавровка“ се  изгради кафулето кое беше опожарено.

Пред  извесно време градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу информираше дека со новоизградениот објект нема ништо спорно и кафулето се враќа во првобитна состојба.

Според него, додадена е само дополнителна челична конструкција со која би се превенирале слични штети доколку повторно дојде до некаква непогода. 

Нелегалната градба  кај ТЦ „Мавровка“ почна да се руши во септември лани. Откако Општината Чаир неколку месеци не ја уриваше бидејќи не можеше да најде фирма за уривање, Владата го задолжи јавното претпријатие државни патишта да го стори тоа, по што за неколку дена бетонскиот објект беше отстранет.