Бебето кое студентката од Скопје која замина на екскурзија го фрли во тоалет на Граничниот премин Табановце било родено живо. Обдукцијата покажа дека новороденчето откако било донесено на свет било живо неколку минути, пренесе САКАМДАКАЖАМ.МК.

За потсетување, 23-годишната студентка во март годинава била во 7/8 месец од бременоста, но сепак заминала на екскурзија од факултет. Таа во тоалетот на Табановце почувствувала болка во стомакот, отишла во тоалетот на Граничниот премин и се породила, а потоа го фрлила живото женскородено бебенце во корпа за отпадоци и продолжила да се забавува како ништо да не се случило.

Настанот го открила хигиеничарката која го чистела тоалетот наредниот ден. Таа се згрозила и пријавила во полиција.

Т.И. ќе одговара за убиство на дете при породување. Таа се бранела во полиција дека не знаела оти е бремена.