Во организација на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска ќе се одбележат сто години од Дадаизмот-раѓањето на авангардниот роман.

За француската книжевност, творечките принципи на дадаистите и авангардниот роман ќе се осврне книжевниот критичар, теоретичар и писател Данило Коцевски.

Настанот  е посветен на француската книжевност и е во рамки на серијата културни настани „Денови на светската книжевност“ што се одржуваат во НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје, со поддршка на Министерството за култура.

Посетителите ќе можат да разгледаат или купат книги од француските автори преведени на македонски јазик, објавени во капиталните издавачки проекти.